Галерија

Една година успешно работење

1 Роденден на Cosmo, Зебра Центар, 27 ноември 2010


На 27 ноември 2010 год. во прекрасна, опуштена и интимна атмосфера Космо го прослави својот прв роденден заедно со своите потрошувачи, соработници и пријатели.

Специјални гости на вечерта беа стилистката Васка Леонтиќ која ги претстави новите трендови на шминкање, стилистот Сергеј Варошлија кој ја презентираше декоративната козметика на Christian Dior, и стилистот Владо Георгиев  кој ја презентираше декоративната козметика на Manhattan. Убавината не доаѓа само однадвор туку е целосен и здрав изглед на вашето лице и тело па токму затоа специјалениот гостин Душан Матиќ - врвен нутриционист со долгогодишно искуство со задоволство делеше совети за здрава исхрана а д-р Радмила Димовска – специјалист по ортодонција и ласерска стоматологија зборуваше за тајната на холивудската насмевка.

Сите гости добија подароци внимателно избрани од Космо тимот. 

Космо дрогериите и понатаму ќе се трудат да ги задоволат сите потреби и желби на потрошувачите па дури и на оние со најпрефинет вкус.

Bookmark and Share