За Нас

Со започнувањето со работа на новиот член од семејството на Тинекс - Космо Тинекс дрогерија, Вие добивте можност за поинаков и поквалитетен избор.

Докажаниот бренд Тинекс и неговиот „синџир на среќата", кој се протега низ целата држава, веќе подолго време добро Ви е познат на сите. Растежот на компанијата Тинекс и нејзиното лидерство во малопродажбата, со четириесеттина продавници во 10 градови во Македонија, се заокружи со новиот центар за убавина - Космо. Логиката на нештата направи овој сегмент, посветен на убавината, да произлезе токму од компанијата - лидер во малопродажбата во Македонија - Тинекс.

По успешното етаблирање на нашите три типа маркети: Тинекс дисконти, Тинекс супермаркети и големи Супер Тинекс, конечно, компанијата направи нов чекор со отворањето на првата специјализирана Космо Тинекс дрогерија, лоцирана во центарот Зебра. Набрзо по првата Космо Тинекс дрогерија, Тинекс ја отвори и промовираше и втората од синџирот Космо Тинекс дрогерии, во близина на најпознатата пешачка улица „Македонија", во центарот на Скопје, на местото на поранешниот објект на Тинекс. На барање на потрошувачите и според нивните замисли, во втората Космо Тинекс дрогерија има зголемен асортиман со многу нови производи од сите реномирани светски колекции.

Со својот модерен изглед, функционалноста и изобилството на избор и содржини, дрогеријата ги исполнува префинетите желби на модерната жена, но не го заборава ниту модерниот маж и неговите потреби. Динамичниот начин на живеење не дозволува губење драгоцено време во избор на соодветни козметички производи, здрава храна и витамини, кои несомнено се неопходни за одржување и задржување на младешкиот изглед, колку што е можно подолго.

Сите овие параметри ја создаваат и ја заокружуваат сликата за Космо Тинекс дрогерија. Со тоа ја прават прва и единствена од таков вид, поточно - водечки центар кој е во функција на убавината, негата и здравиот живот во Македонија.

Bookmark and Share