top of page

Како да го победите целулитот?

Updated: May 13, 2022

Доаѓаат топли денови а со тоа и носење на полесна и потенка гардероба но и повидлив целулит. Затоа многу жени почнуваат да бараат брз и ефикасен начин како да се ослободат од неубавиот изглед на кожата.




Што претставува целулитот?


Неправилна исхрана, недостаток на телесни вежби, генетски предиспозиции и хормонските флуктуации играат важна улога во настанокот на целулитот.

Додека некои сметаат дека целулитот настанува исклучиво со генетски предиспозиции, други веруваат дека целулитот е последица на исхрана со високо ниво на маснотии, недоволно физички активности, собирање на токсини во организмот, па дури и последица на се досега наведено.


Целулитoт се јавува и како последица од непотполното излачување на токсините и масните наслаги кои се задржуваат во телото. Тоа го спречува нормалното течење на крв и лимфа кои имаат задача да ги „однесат“ отпадните течности надвор од телото. Најчесто е присутен кај жени но може да го имаат и мажи па дури и деца. Кај жените целулитот најчесто се појавува на бутовите задникот и стомакот.


Како да се ослободите од целулитот?


За почеток променете го начинот на исхрана, вежбајте, одете на масажи, користете креми и геловите со екстракти од кафе, бршлен, гуарана или некои други активни состојки, кои поттикнуваат загревање на кожата и микроциркулација.

Но сепак имајте на ум дека не постои магично стапче кое ќе го избрише насобраниот целулит, туку тоа е долготраен процес кој бара многу посветеност и многу упорност.


Важноста на исхраната во борбата против целулитот


Исхраната има огромно влијание врз нашето тело, затоа треба многу да се внимава каква храна се јаде. Од исхраната треба да се исфрли солена и масна храна. Избегнувајте црвено месо, масни риби, полномасни млечни производи и рафинирани намирници од житарки односно внесувајте поголема количина на свежо овошје и зеленчук. Пазете на внесувањето на соодветна количина на течности. Најдобро е да пиете обична вода, притоа потрудете се да го замените кафето со растителни чаеви. Против целулит посебно е добро да пиете чај од коприва кој ги поттикнува циркулацијата и детоксикацијата во организмот.

Билките кои ја стимулираат периферната циркулација, како што е рузмаринот, лутите пиперки, маслото или копривата можат да бидат одлична помош во борбата против целулитот.


Вежбање

Дневно издвојте барем 30 минути за физички активности за да го поттикнете метаболизмот и да го подобрите излачувањето на токсини. Честото седење ја смалува количината на мускулна маса претворајќи ја во масно ткиво. За да го спречите ова, започнете со лесни спортски активности кои ги затегнуваат мускулите. Вежбањето е најефикасниот начин да ја „испеглате“ несаканата рапава површина. Било каков облик на редовно вежбање на подолг временски период ќе ви помогне да ги решите овие проблеми. Пливањето се смета за идеален облик за превенција во настанувањето на целулитот. Доколку сакате брзи резултати, практикувајте секој ден брзо одење кое исто така е одлична вежба за елиминирање на целулитот.


Домашна хидротерапија

Наполнете ја кадата со топла вода и додадете антицелулитно ароматераписко масло. Во вода немојте да останете повеќе од 5 минути. Телото измасирајте го со голем млаз топла вода, почнувајќи од стапалата па нагоре. Истото повторете го и со ладна вода.



Чистење на организмот

Вдишувањето на чист воздух помага за исфрлањето на токсичните материи кои ви се задржуваат во белите дробови, а најсигурниот начин за ослободување од токсините од телото е преку исфрлање на истите преку урината. Затоа е важно да пиете многу вода и чаеви. Но, за уште поуспешна борба да почнете да ги практикувате и следниве совети: - Што почесто да шетате на чист воздух и да дишете длабоко

- Потете се, без разлика дали тоа е последица од домашни, спортски или други активности - Пијте колку што може повеќе чаеви од брусница, магдонос, пченкарна свила и зелен чај - Сокот од свежананас се смета за добар согорувач на мастите

- Во вашата исхрана мора често на менито да се појавуваат сливите, пченицата, и другите житарки.


Антицелулитна масажа

Масажата е најбитната ставка во борба против целулитот. Најдобро е да правите масажа кога мускулите ви се опуштени, а во тоа ќе ви помогне краток топол туш. Долгите и меки движења ја стимулираат циркулацијата на крвта и лимфите. Деловите од телото кои ви се зафатени со целулит, штипкајте ги и нежно со малку стискање, а масажата завршете ја со меки движења. Со оглед на тоа дека целулитот се наоѓа 3-5 сантиметри под кожата, нема потреба од груби движења.

За масажа користете антицелулитни масла и креми.


Кофеин

Кофеинот поволно влијае на разбивање на целулитот активирајќи ги масните ткива во организмот. Нанесете талог кафе на проблематичните делови на кожата и оставете да се исуши. За талогот да не ви се исуши пребрзо и да падне од кожата, замотајте се со пластична фолија и оставете ја така десетина минути. За најдобри резултати постапката повторувајте ја најмалку два пати неделно.


Опуштете се

Оставете си доволно време за опуштање. Многумина сметаат дека целулитот може да биде резултат на стресниот начин на живот, па затоа во текот на денот посветете си барем еден саат за себе. Направете си атмосфера во која ќе се чувствувате најлабаво.

Резултатите од било кои антицелулитни третмани ќе почнат да се воочуваат по 6 недели, затоа не треба да се обесхрабрите доколку не забележите никакви промени по неколку дена. Иако настанатиот целулит можеби во целост нема да исчезне, наместо безначајно да седите и само да го надгледувате порастот на истиот, подобро е да ги преземете потребните чекори и да се изборите со „женскиот најголем непријател“. Cosmo ви препорачува производи за ефикасна борба против целулитот:


297 views0 comments

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page